1 (65) ■ вести > свет > еу ■ 20-Jun 04:00 -> 22-Jun 10:30
.
.
.
.

САД нападнаа три ирански нуклеарни постројки, Трамп му порача на Иран дека мора да склучи примирје

  • Трамп: Немаат поим што јас мислам за конфликтот меѓу Израел и Иран

  • Трамп не сака да врши притисок врз Израел: Зошто да барам прекин на огнот кога тие победуваат?

  • Трамп: Иран сака да разговара со нас, а не со Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска извршила напади врз три нуклеарни постројки во Иран – Фордоу, Натанц и Исфахан – и дека авионите што ја извршиле мисијата веќе се на пат да се вратат во Соединетите држави.

Американскиот претседател Доналд Трамп го негираше извештајот на „Волстрит журнал“ дека ги одобрил американските планови за напад врз Иран, велејќи дека весникот „нема поим“ што мисли тој за израелско-иранскиот конфликт.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе биде тешко за Израел да ги запре нападите врз Иран во овој момент, една недела од интензивниот конфликт меѓу двете земји и две недели пред претседателот да донесе одлука за вмешаноста на САД.„Мислам дека е многу тешко да се постави тоа барање сега“, рече тој кога беше прашан за изјавата на иранскиот министер за надворешни работи дека САД ќе го повикаат Израел да ги запре воздушните напади ако Трамп е сериозен во врска со разговорите.„Ако некој победува, тоа е малку потешко да се направи отколку ако некој губи, но ние сме подготвени, желни и способни, разговараме со Иран и ќе видиме што ќе се случи.

Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати на печатот по пристигнувањето во Бедминстер, град во државата Њу Џерси, каде што се наоѓа неговотo приватнo голф-одморалиште.

3 (9) ■ вести > македонија ■ 22-Jun 07:24 -> 22-Jun 11:15
.
.
.
.

АХВ: Градоначалникот на Кочани глумејќи инспектор ја оцрнува нашата стручност

  • Агенцијата за храна контра кочанскиот градоначалник по видеото со пицеријата

Facebook - Агенцијата за храна и ветеринарство - Food and Veterinary Agency Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро го осудува обидот на в.д градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, за оцрнување на стручноста и професионалноста на АХВ и нејзините вработени инспектори, преку социјалните мрежи глумејќи инспектор во угостителски објекти, за кои тврди дека се дивоградби.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро го осудува, како што вели, обидот на в.д градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, за оцрнување на стручноста и професионалноста на АХВ и нејзините вработени инспектори, преку социјалните мрежи глумејќи инспектор во угостителски објекти, за кои тврди дека се дивоградби.

7 (75) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Jun 06:02 -> 22-Jun 11:00
.
.
.
.

„Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани“

  • Дали Заев му ги издиктира на Филипче кандидатите за градоначалници кои сигурно ќе изгубат на изборите?

  • Петрушевски: Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио

  • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани

Поминаа веќе неколку дена од насилниот инцидент во Општина Кочани, каде што советник од советничката група на СДСМ со стаклено шише повреди вработена.

Ова не се кандидати на партиската база на СДС, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче.

Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио.

Секогаш кога СДС се наоѓа во тешка состојба, наместо на решавање на проблемите посегнува кон нивните, и досега испробани, планови и сценарија за предизвикување неред.

11 (98) ■ вести > македонија > хроника ■ 20-Jun 04:58 -> 21-Jun 18:26
.
.
.
.

Нема притвор за носачот на ранецот на Палчо, туку одземен пасош и мерки на претпазливост

  • Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

  • Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

  • Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и уценет од Палевски - чувствувам срам и душевна болка“

По распитот во полиција, судот ги прифатил предлозите на Обвинителството и на Зоран Давитков му одреди мерки на претпазливост додека трае истрагата, а згора на тоа му го одзеде и пасошот.

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако на изминатото рочиште одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда.

Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ќе ја донесе конечната пресуда за петмината обвинети за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, откако денеска одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски и другите обвинети во случајот ги дадоа своите завршни зборови.

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за учество во киднапирањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд завршен збор.

12 (5) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Jun 08:02 -> 22-Jun 11:00
.
.
.
.

Влен: Со законот за правична застапеност, Албанците ќе бидат во центарот на институциите, а не на периферијата на статистиката

  • „АЛБАНЦИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ДЕКОР ВО ДРЖАВАТА“ Владиниот закон што ќе ја промени историјата е дело на Вреди

Со Законот за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите заедници во државната и јавната администрација, кој ќе биде донесен на владина седница, ќе биде затворена историска рана, велат од коалицијата Влен, додавајќи дека со закон ќе го напарават она што ДУИ не го направила 22 години.

„АЛБАНЦИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ДЕКОР ВО ДРЖАВАТА“ Владиниот закон што ќе ја промени историјата е дело на Вреди Коалицијата Вреди со историски чекор, нов закон за еднаква застапеност на Албанците во јавната администрација.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

13 (5) ■ бизнис > економија ■ 22-Jun 06:20 -> 22-Jun 11:15
.
.
.
.

▷ ИНРМ: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броило

  • Инжинери на Македонија: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

Поднесовме официјално барање до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот пазарен инспекторат, како и до Министерството за енергетика, за да се потврди кој од нив е надлежен за постапување и санкционирање во случај потрошувачите на електрична енергија да немаат визуелен пристап до сопствените броила, информираат од Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ). Веднаш по добивањето на нивниот одговор, посочуваат, јавноста ќе биде информирана кој инспекциски орган е директно одговорен за постапување по претставки за оневозможен пристап до броилата.

Потрошувачите на електрична енергија имаат законско право на визуелен пристап до сопствените броила, а секое спречување на тој пристап од страна на операторот на електродистрибутивниот систем – во овој случај ЕВН – претставува прекршување на Законот за енергетика.

130 (10) ■ сцена > занимливости ■ 20-Jun 00:17 -> 20-Jun 16:00
.
.
.
.

(Фото) Алесандра Амбросио го „запали“ интернетот: Секси Бразилката ги истакна градите и задникот во минијатурно бикини

  • Алесандра Амброзио повторно го покажа своето беспрекорно тело, позирајќи во костим за капење

(Фото) Алесандра Амбросио го „запали“ интернетот: Секси Бразилката ги истакна градите и задникот во минијатурно бикини од apostolova15:50 - 20 јуни, 202514:37 - 20 јуни, 2025 Алесандра Амбросио објави заводливи фотографија во бикини и за кратко време ги освои социјалните мрежи.

Бразилската манекенка Алесандра Амброзио (44), позирајќи во костим за капење, привлече внимание и предизвика воодушевување кај бројните обожаватели кои ја следат на социјалните мрежи.Имено, моделот позираше покрај базенот во впечатливо розово мини бикини со интересен дезен, истакнувајќи ја нејзината витка фигура.