Цените на нафтата на светските пазари минатата недела значително паднаа, по четири недели раст, откако американскиот претседател Доналд Трамп побара од ОПЕК да ги намали цените и истовремено најави зголемување на производството на нафта во САД.
Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 2,8 отсто, на 78,50 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 4,1 отсто, на 74,66 долари. Faktor