Федерален судија привремено го блокираше барањето на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ги запре владините програми за финансиска помош додека неговата администрација спроведува преглед за да се осигура дека парите се ослободуваат во согласност со приоритетите на Белата куќа, вклучително и извршните наредби за прекин на програмите за различност, еднаквост и вклучување. Plusinfo
„Се чини дека федералната влада во моментов навистина не го знае целиот опсег на програмите чие финансирање ќе биде привремено суспендирано“, рече судијата Алихан, кој беше назначен од претседателот Џо Бајден.
Во меѓувреме, вчера, Трамп издаде извршна наредба со која се стопира федералното финансирање за програмите за промена на полот за деца под 19-годишна возраст. Novamakedonija