Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави за Би-би-си дека Украина може да биде принудена да се откаже од делови од својата територија како дел од мировниот договор со Русија, поради, како што е наведено, зголемениот притисок од американскиот претседател, Доналд Трамп, да се прифатат територијални отстапки.
Но, за мир, привремен мир, можеби тоа може да биде решение, привремено“, вели Кичко во разговор за Би-би-си Украина можеби ќе мора да се откаже од делови од својата територија како услов за евентуален мировен договор со Русија, вели градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко во разговор за Би-би-си. Според него, станува збор за едно од можните сценарија за кое притиска американскиот претседател Доналд Трамп во неговиот предлог за постигнување мировно решение, а што вклучува територијални отстапки од Украина.