МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Е НА 4-ТО МЕСТО ВО ЕВРОПА СПОРЕД РАСТОТ НА БДП ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ Пред нас се само Ирска, Данска и Полска Во првиот квартал на 2025 година, реалниот раст на БДП, откако е избрана оваа влада, изнесува повеќе од 3%, додека, пак, прилагодениот раст изнесува 3,2%. Тоа е многу значајно и ова не е случајност, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.
Во политиката понекогаш ќе слушнете како некој ќе рече дека „бројките не значат многу доколку не се почувствуваат“.