1 (188) ■ вести > свет > украина ■ 05-Jun 05:33 -> 07-Jun 16:41
.
.
.
.

Илон Маск по анкета повикува на основање нова политичка партија во САД

  • Маск до Трамп: Без мене ќе ги изгубеше изборите

  • Трамп им забрани на странските студенти да се запишуваат на Харвард

  • Кремљ му одговори на Трамп: Војната во Украина е егзистенцијално прашање за Русија

Милијардерот и поранешен раководител на Одделот за ефикасност на владата, Елон Маск, изјави дека на САД им е потребна нова политичка партија, заклучок до кој дојде еден ден откако објави анкета на социјалната мрежа X, во која ги праша своите следбеници дали треба да биде потребна партија што претставува „80 проценти од луѓето во средината“, односно гласачи кои не се екстремни поддржувачи ниту на левицата ниту на десницата од политичкиот спектар.

Илон Маск ја заостри јавната расправија со Доналд Трамп, нагласувајќи дека американскиот претседател ќе ги изгубел изборите без неговата поддршка.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го суспендира приемот на странски студенти на Харвард за шест месеци, наведувајќи ги загриженоста за националната безбедност и велејќи дека дозволувањето на таков прием е „штетно за интересите на Соединетите Американски Држави“.

Конфликтот во Украина е егзистенцијален за Русија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како реакција на споредбата што американскиот претседател Доналд Трамп ја направи меѓу војната и тепачка меѓу деца.

3 (29) ■ вести > македонија > политика ■ 05-Jun 14:59 -> 07-Jun 17:30
.
.
.
.

Владата отвора телефонска линија за повредените од трагедијата во „Пулс“

  • Митева: Кабинетот на премиерот Мицкоски е во постојана комуникација со семејствата на погодените од пожарот во Кочани

  • Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани - 070 355 526

„Во овие моменти, кога Кочани и цела Македонија сè уште ја чувствуваат болката од трагедијата што ја потресе нашата држава, Владата останува посветена на тоа никој да не биде оставен сам.

Портпаролката на Владата Марија Митева денес, во рамките на форумот „Кочани е наш приоритет“, изјави дека лица од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски се во постојана комуникација со семејствата на оние кои ги загубија своите роднини во трагедијата во Кочани.

Фото: Маја Јаневска Илиева Повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства од понеделник на директна телефонска линија – 070 355 526 што ја отвора Владата ќе можат да ги изнесат своите барања и потреби.

17 (57) ■ вести > македонија > политика ■ 05-Jun 13:18 -> 06-Jun 17:00
.
.
.
.

Претседателката Силјановска-Давкова и премиерот Мицкоски на муслиманските верници им го честитаа празникот Курбан Бајрам

  • Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам

  • Мицкоски со честитка за Курбан Бајрам: Борбата за подобра иднина, надеж и поквалитетен живот да бидат нашата заедничка водилка за успешна и победничка Македонија - Курир

  • Гаши со честитка за Курбан Бајрам: Со заедничка посветеност, ќе продолжиме да го јакнеме соживотот, толеранцијата и хуманоста

Премиерот на земјата, Христијан Мицкоски, им упати честитки на муслиманските верници по повод празникот Курбан Бајрам.

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам.

Премиерот Христијан Мицкоски, по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламска Верска Заедница во Македонија, Реис Ул Улема Шакир ефенди Фетаху и до сите верници од исламска вероисповед.

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска упати честитка по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

Повеќе од
оваа категорија

8 (66) ■ спорт > свет ■ 05-Jun 00:30 -> 07-Jun 15:15
.
.
.
.

Ништо од нов Грен Слем: Синер го надмудри Ѓоковиќ во Париз

  • Алкараз прв финалист на Ролан Гарос

  • Познато кога ќе почне спектаклот меѓу Ѓоковиќ и Синер на Ролан Гарос

  • 📹„Ти благодарам што дојде, ќе ти се оддолжам!“: Голема музичка ѕвезда го изненади Ѓоковиќ на Ролан Гарос

Првиот светски рекет, Италијанецот Јаник Синер, е вториот финалист на Грен Слем турнирот Ролан Гарос кој на земјена подлога се игра во Париз, Франција!

Алкараз прв финалист на Ролан ГаросКарлос Алкараз ќе игра во финалето на турнирот Ролан Гарос втора година по ред.

Синер славеше на последните три пресметки против Ѓоковиќ, додека во меѓусебни средби е 4-4, па Србинот ќе има тешка задача да избори финале на Ролан Гарос.

Познатиот француски музички продуцент и диџеј, диџеј Снејк, присуствуваше на натпреварот на Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос, каде што српскиот тенисер се квалификуваше во полуфиналето победувајќи го Александар Зверев со 3:1. По натпреварот, Ѓоковиќ го изрази своето задоволство што го виде диџејот на трибините и му се заблагодари за поддршката, велејќи: „Ти благодарам што дојде“, му рече Новак Ѓоковиќ, на што диџеј Снејк рече дека му е прв пат.

34 (22) ■ спорт > фудбал ■ 05-Jun 17:38 -> 07-Jun 10:15
.
.
.
.

Милевски: Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации

  • Милевски: Сите заедно заслуживме и повеќе од овој меч…, благодарност до сите навивачи кои не понесоа на Арената!

  • Милевски: Квалитетот е на страната на Белгија, но оптимист сум дека овој јуни ќе биде поинаков

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски е задоволен од изданието на неговите избраници на синоќешниот натпревар со Белгија, но побара максимална концентрација за следниот дуел, со Казахстан на гостински терен.

Селекторот Благоја Милевски, без сомнение, подготви извонредна тактичка поставеност која ја донесе Македонија до голем бод против Белгија во квалификациите за СП 2026, продолжувајќи ја серијата без пораз.

На прес-конференцијата пред мечот во Скопје против Белгија се обрати пред новинарите и селекторот Благоја Милевски.

Повеќе од
оваа категорија

6 (27) ■ сцена > култура ■ 06-Jun 06:10 -> 07-Jun 17:30
.
.
.
.

Гоце Тодоровски, Соња Михајлова и Снежана Коневски-Руси добитници на наградите за животно дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ | skopjeinfo.mk

  • Започнува 59. МТФ „Војдан Чернодрински“: Прилеп е единственото место за достојно да се слави театарската уметност

  • Во Прилеп Започна 59-то издание на МТФ „Војдан Черндорински“

Актерките Снежана Коневски-Руси и Соња Михајлова, како и актерот Гоце Тодоровски се добитниците на наградата за животно дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Голем интерес за фестивалот покажува прилепската публика и годинава, што се докажува и со фактот дека неколку претстави и пред почетокот на фестивалот се веќе распродадени.

Педесет и деветото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ се отвори вчера во Центарот за култура „Марко Цепенков“ со изведба на претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов.