Од: А1он Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 % во однос на одлуката од 25.08.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,529%, кај дизелот за 1,366%, кај екстра лесното масло за 1,033% и кај мазутот зголемувањето е за 0,152%.