Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во јули годинава бележи месечно и годишно намалување од 0,12 проценти односно 0,55 проценти и изнесува 4,91 проценти. Кај вкупните депозити, пак, во јули е регистрирана просечна каматна стапка од 2,21 процент со месечен и годишен раст од 0,01 процент односно 0,28 процент, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во јули, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 4,42 проценти и е непроменета во однос на претходниот месец, додека на годишна основа е намалена за 0,70 процентни поени (п.п.). Просечната каматна стапка на новопримените депозити е непроменета на месечна основа и изнесува 2,35 процент, при годишен пад од 0,41 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор, во јули 2025 година е намалена за 0,08 п.п на месечно ниво и изнесува 4,54 проценти.