Експертите предупредуваат дека загубите би можеле да се измерат во десетици милиони евра, бидејќи инфраструктурата на Google е ‘рбетот на е-трговијата, дигиталните услуги и комуникацијата.
Доколку прекинот на услугите на Google во Источна Европа и на Балканот продолжи неколку часа, последиците за економијата би можеле да бидат катастрофални.
Најмногу страдаат онлајн продавниците и дигиталните платформи кои се потпираат на Google Cloud и алатките за рекламирање.
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ воведува нови пет нови авиолинии до европските метрополи. Од Скопје ќе се лета до Наполи и Будимпешта од март следната година, додека од Охрид граѓаните ќе можат да патуваат до Катовице, Вроцлав и Милано.
Во Грција, повеќе од 750 училишта се затвораат за новата учебна година, бидејќи наглото намалување на бројот на раѓања доведува до недоволен број ученици. Според статија на „Фајненшл тајмс“, повеќе од пет проценти од училиштата се затвораат, како во оддалечените села и острови, така и во Атина, каде што властите предупредуваат на „демографски колапс“.
Грвија се соочува со драматичните последици од нејзиниот демографски пад, од кои една е масовното затворање на училиштата низ целата земја. Поради намалувањето на бројот на запишани ученици, дури 721 училиште ќе ги затворат своите врати во учебната 2025/2026 година, според најновите податоци од грчкото Министерство за образование, пишува „Грик репортер“.
86.867 корисници оствариле поврат од 1.500 до 2.099 денари, 92.891 имале поврат од 500 до 1.500 денари, а 27.409 корисници на апликацијата оствариле поврат во износ под 500 денари – велат од УЈП Безмалку половина милиони македонски граѓани скенираат фискални сметки, а од нив 57,5 отсто успеале да стасаат до максималниот износ за поврат на ДДВ од 2.100 денари. Овие податоци покажуваат дека значителен број граѓани ја користат активно апликацијата „Мој ДДВ“ и остваруваат поврат на дел од изразениот данок на додадена вредност во фискалните сметки, посочуваат од Управата за јавни приходи за „Слободен печат“.
Од УЈП велат дека редовно ги евидентираат потребите во Годишниот план за вработувања, кој се доставува до надлежните институции за одобрување, во согласност со законските процедури. Од Министерството за финансии не добивме прецизен одговор дали ќе одобрат трајни вработувања Во Управата за јавни приходи има значително намалување на бројот на вработени, од 1.349 во 2015 година на 927, колку што има сега.
Со почетокот на учебната 2025/2026 година, образованието во Македонија продолжува со чекори кон дигитализација. Од Министерството за образование и наука најавија нови реформи: дигитални алатки во наставата, како и формално образование за деца на долготрајно болничко лекување Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Сончево и топло време, утре и задутре променливо со … Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денес?
Минималната бруто месечна плата во Албанија изнесува 408 евра на крајот на јуни, според најновите ажурирани податоци од Европскиот статистички институт, Евростат. На ова ниво, минималната плата не само што е најниска во Европа (со исклучок на земјите од поранешниот Советски Сојуз), туку е и многу пониска отколку во другите земји од Западен Балкан.
Туризмот, ниските цени и перспективата на ЕУ ги охрабруваат инвестициите и развојот на пазарот. Во Црна Гора, поранешната тврдина Мамула, позната по својата темна историја, е претворена во луксузен хотел.