Приклучоците на дистрибутивната мрежа не се усогласени со капацитетот во преносната мрежа, што може да предизвика дополнителни технички ризици за системот“, велат ревизорите Енергетската транзиција како стратегиски приоритет на државата се соочува со предизвици во спроведувањето политики, обезбедување финансиски средства, технички ограничувања и изградба на нови капацитети, е заклучокот на Државниот завод за ревизија, во извештајот на кој бараше одговор на прашањето: „Дали планираните реформи за енергетска транзиција со обновливи извори на енергија ќе обезбедат енергетска сигурност, економска стабилност и исполнување на меѓународните обврски за декарбонизација?“. Според извршените студии, капацитетот на мрежата моментално може да прифати само до 1,5 гигават-часови, додека барањата за приклучување на обновливи извори на енергија на преносната мрежа изнесува 8,663 гигавати, од кои 6,828 гигавати се фотоволтаични централи, а 1,835 гигавати се ветерни паркови, забележа Државниот завод за ревизија.