Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денеска го претстави својот проект „Чаир, Културен центар на Скопје“, чијашто цел е Чаир да стане културна престолнина на градот и симбол на мултикултурализмот, традицијата и на современото творештво, соопшти ДУИ.
Воедно, проектот предвидува и инвестиции во младите преку стипендии за талентирани ученици и студенти, субвенции за музички инструменти, модерно опремени кабинети по музика и изградба на современа читалница достапна за сите граѓани.
Како новитет, ќе се воспостави Виртуелен музеј на Чаир, дигитална архива со историја, фотографии и лични сеќавања на жителите, кој ќе овозможи зачувување и достапност на културното наследство, се вели во соопштението на ДУИ и се додава дека во план е и изградба на современ и инклузивен објект со сали за театар, концерти, изложби и за младински активности.