Музички перфектно отсвирена, пејачки Цеки ја вметнал целата експресија која ја поседува од влијанијата на големите пејачи како Бебек, Тифа или Ален, но како што и самиот одговори на прашањето на водителот, најмногу се потрудил да и вдахне и свој дух и сопствена емоција, што на песната и дава дополнителна свежина која ја прави блиска и за новите деца… По презентацијата на видеозаписот, бендот ја отсвире „Сувенир из Сарајева“ премиерно и во живо, но вистинската рок ен рол „копче-дугме“ забава допрва ќе следува, откако бендот по кусата пауза за костимирање се врати на сцената, за потоа во два и пол часа жива свирка на присутните да им приреди вистинско аудиовизуелно уживање „за сите пари“. Netpress