Наградата „Златен објектив“ за 2025 година денеска ќе му биде доделена на светло-мајсторот Петар Богоевски (1952). Ова признание Кинотеката го доделува на филмски автори и културни работници кои преку својот професионален ангажман придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.
Наградата „Златен објектив“ која Кинотеката им ја доделува на филмски автори и културни работници кои придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија, оваа година ќе му припадне на светло-мајсторот Петар Богоевски (1952). Управниот одбор на Кинотеката ја донел оваа одлуката заради деценискиот ангажман на Богоевски кој „работејќи со своите колеги – директори на фотографија и камермани, придонел во визуелизацијата на режисерските замисли“.