Nezavisen
Чиста емоција, директно од срцето, како што е и насловот на една од неговите нумери (Straight From the Heart). Брајан Адамс, ги изненади присутните, откако „наоружан“ со својата гитара и со шешир- цилиндер на главата прошета по партерот од задната страна, бурно поздравен од присутните и се качи на сцената.
Иако концертот доцнеше еден час, хемијата се почувствува уште со првата песна, Run to You, по што следуваа Let’s Make a Night to Remember, It’s Only Love… Тука беа и другите хитови како Heaven, Summer of ’69, Please Forgive Me, Have You Ever Really Loved a Woman… Организаторот, „Авалон продукција“ најави дека концертот ќе трае 90 минути, но настапот се продолжи на речиси два часа. Nezavisen