Упорноста во сите овие месеци и тоа што презентиравме дека постои инженерски, а не политички проблем, даде резултат и доведе до тоа Бугарија да ги преземе своите обврски за изградбата на пругата од Коридорот 8, истакна во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, откако изминатиот викенд се сретна со својот бугарски колега Гроздан Караџов во Истанбул.
Македонија и Бугарија ќе имаат средба на експертско ниво во присуство на Европската комисија за тунелот за железничкото поврзување на Коридор 8 на 16 јули во Брисел.