Помалите деца, постарите лица и пациентите со срцеви проблеми се особено изложени на ризик од топлотен удар.
Но, дури и кај луѓе без хронични заболувања, при екстремна топлина, телесната температура може да ја надмине опасната граница од 40 степени, пренесува DW. При екстремна топлина може да се појави сончев удар – прегревање на главата и мозокот, поради прекумерна изложеност на главата и вратот на сонце.