Според информациите од Борис Трајковски претседателот на АЕК добил забрана од навивачите ракометарите да го одиграа дуелот во Скопје.
Европската федерација во ракомет (ЕХФ) во вторник ќе одлучува за финалето меѓи АЕК и Алкалоид во ракомет, откако грчките ракометари одбија да излезат на теренот во салата „Борис Трајковски“.
АЕК на нивната официјална Фејсбук и интернет страница се огласи по повод мечот против Алкалоид кој вечерва не се одигра.
Коментаторот на грчката национална телевизија информира дека раководството на АЕК бара одложување на натпреварот со Алкалоид, поради неприсуството на невините навивачи во СЦ „Борис Трајковски“, јави дописничката на МИА од Грција.