Во Вашингтон со децении циркулира таканаречената теорија „Пентагон пица“, според која, врз основа на активноста во пицериите и другите ресторани во близина на седиштето на Министерството за одбрана на САД, може да се „предвидуваат значајни светски настани“.
Оваа теорија, која секако не треба да се сфаќа сериозно, туку само како забава, сугерира дека натпросечната активност во доцните вечерни часови во рестораните околу Пентагон може да укаже дека во таа зграда се подготвува „нешто големо“.