1 (42) ■ вести > македонија > политика ■ 06-Mar 07:14 -> 06-Mar 17:30
.
.
.
.

Јандроковиќ-Гаши: Поддршка од Хрватска да истраеме на евроинтегративниот пат

  • Македонските Хрвати сакаат да влезат во Уставот за да си го зачуваат идентитетот

  • Со свечена церемонија пред Собранието, Гаши го пречека Јандроковиќ, претседателот на хрватскиот Сабор

  • Претседателот на Хрватскиот сабор, Јандроковиќ во официјална посета на земјава

Ја имате нашата поддршка и понатаму да истраете на евроинтегративниот пат и да ги решите препреките, добро е да се оствари сојузништво во рамки на НАТО и ЕУ, истакна претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ.

Хрватите во Македонија би имале голема корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во Уставот на Македонија, бидејќи на тој начин ќе се олесни одржувањето на нивниот идентитет, изјавија претставници на хрватското малцинство на средбата со претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој е во тродневна посета на нашата држава.

Со церемонија со високи почести пред претседателот на Собранието Африм Гаши пред зградата на законодавниот дом го пречека претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој престојува во официјална посета на земјава.

Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ денеска ќе престојува во официјална посета на земјава.

3 (41) ■ вести > свет ■ 05-Mar 08:48 -> 06-Mar 23:29
.
.
.
.

Трамп паузира со воведување царини за стоки од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија

  • Трудо: Трговската војна може да продолжи во блиска иднина

  • Трамп: Царините може да донесат „малку вознемиреност“

  • Лутник: Можно е Трамп да ги ублажи царините за увоз на некои производи од Канада и Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп привремено ги иззема материјалите од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија од зголемена царина од 25 отсто за увоз на стоки од тие земји.

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека канадската страна е заинтересирана за намалување на сите американски царини и додаде дека ќе продолжи да соработува со високи претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со царините што САД планираат да ги воведат на сите увозни производи од Канада.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги бранеше новите високи царини против долгогодишните економски партнери на САД, како Канада и Мексико, во своето прво обраќање пред двата дома на Конгресот по враќањето на функцијата.

Американскиот министер за трговија Хауард Лутник денеска изјави дека може да дојде до ублажување на царините од 25 отсто за увоз на некои производи од Канада и Мексико, што вчера ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.

4 (28) ■ вести > македонија ■ 06-Mar 07:24 -> 06-Mar 16:32
.
.
.
.

Димитриеска Кочоска: Премногу е рано да зборуваме за какви било корекции во нагорна линија на растот за 2025 година

  • Потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет од Скопје

  • Димитриеска-Кочоска по скандалот: Многу скоро на сите ќе ви биде јасно зошто се случуваа сите овие работи

Во овој момент не би ја ревидирала проекцијата за економскиот раст на земјава во 2025 година иако во последниот квартал од 2025 година е постигнат раст од 3,2 проценти што е повисок од очекуваниот, оцени денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Професори од Економскиот факултет при Универзитетот „Света Кирил и Методиј“ со анализи и стручна помош ќе му помагаат на Министерството за финансии во неговиот делокруг од работата.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и седум дена по скандалот во Собрание, е на ставот дека не погрешила и нема да ѝ се извини на пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска по дискусијата во Собранието, но од граѓаните побара трпение.

5 (24) ■ вести > свет ■ 05-Mar 06:00 -> 06-Mar 15:35
.
.
.
.

Специјален Самит на ЕУ посветен на Украина и европската одбрана

  • Кошта: Слушнавме бура на идеи за безбедноста на Европа, но денеска сме тука да носиме одлуки

  • Европските лидери се подготвуваат за нивниот кошмарен самит „од 5 минути до полноќ“

Континуираната поддршка за Украина и европската одбрана ќе бидат главни теми на денешното специјално заседание на Европскиот совет во Брисел, на кое е поканет да учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Денешниот Европски совет се одржува во многу важен момент за изградба на европската безбедност, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пред почетокот на денешниот специјален Самит на ЕУ посветен на поддршката на Украина и одбраната на Европа.

Европската унија е навикната на кризи, но претстојната би можела да ги надмине сите претходни.

6 (25) ■ вести > македонија > политика ■ 05-Mar 14:42 -> 06-Mar 15:48
.
.
.
.

СДСМ: Зошто Владата три дена крие колку платила за приватниот лет за Будимпешта?

  • СДСМ: Не може да има пари за луксузирање на власта, а да нема за минимална плата за работниците

  • СДСМ: Мицкоски живее во илузија, економијата страотно пропаѓа

Соопштение на СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека платите се доволно високи и не треба да се зголемуваат, немаат никаков проблем да патуваат низ Европа со приватни чартер летови на партиски посети.

„Владата на Христијан Мицкоски се луксузира на грбот на народот, изнајмува приватни авиони, нарачува егзотични овошја, додека за работниците, кои едвај врзуваат крај со крај, власта вели дека нема пари.

Опозицската СДСМ денеска преку соопштение реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со растот на БДП во последниот квартал лани.

9 (32) ■ вести > свет ■ 05-Mar 07:44 -> 06-Mar 22:08
.
.
.
.

Трамп упати „последно“ предупредување до Хамас: Ако држите заложници, мртви сте

  • Израел ја критикува резолуцијата за Газа усвоена на арапскиот Самит во Каиро, Хамас ја поздрави

  • Белата куќа потврди дека „се водат преговори и дискусии“ со претставници на Хамас

  • Генерал Ејал Замир: Мисијата против Хамас не е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп упати последно предупредување до палестинската исламистичка група Хамас доколку не ги ослободи израелските заложници што ги држи во заробеништво во Газа.

Израелското Министерство за надворешни работи синоќа ја критикуваше резолуцијата усвоена на самитот на Арапската лига во Каиро за обнова на Појасот Газа, оценувајќи дека таа „не успева да одговори“ на реалноста по нападот на радикалната палестинска групација Хамас врз израелска територија на 7 октомври 2023 година.

Портпаролката на Белата куќа, Каролајн Левит денеска соопшти дека американските власти „водат преговори и дискусии“ со претставници на палестинската група Хамас.

Мисијата против палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа не е завршена, изјави денеска новиот началник на Генералштабот на израелската армија, генерал Ејал Замир.

12 (40) ■ вести > свет > политика ■ 05-Mar 05:38 -> 06-Mar 12:06
.
.
.
.

(ВИДЕО) Демократски пратеник исфрлен од Конгресот: Викаше и мавташе со стап, инцидентот го прекина говорот на Трамп

  • Трамп ја поздрави иницијативата на Зеленски за подобрување на односите

  • Трамп: Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали „во секое време“

  • Трамп се обрати пред Конгресот: Златното доба на Америка само што започна

Обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Конгресот беше обележано со инцидент што резултираше со отстранување на еден конгресмен од салата.

Американскиот претседател Доналд Трамп, за време на неговиот прв говор во Конгресот, се осврна на пораката на Володимир Зеленски, кој вчера изјави оти е подготвен во секое време да го потпише договорот за минерали и безбедност со Соединетите Американски Држави (САД) и да работи под, како што рече, силното лидерство на Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговиот говор во Конгресот рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му пишал писмо во кое навел дека е подготвен да го потпише договорот за ретките минерали „во секое време“ и да преговара за мир под раководство на Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп за првпат се обрати пред американскиот Конгрес, каде говореше на повеќе теми.

13 (35) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 05-Mar 07:00 -> 05-Mar 16:36
.
.
.
.

Палевски се брани со уплатница и снимки од банка, судењето продолжува на 7 март

  • Палчо тврди дека бил во банка на денот на убиството на Вања, извршил трансакција во 11.44 часот, но според обвинителатвото девојчето веќе било убиено до 9.30 часот, па доказот нема вредност

  • Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

  • Каде е пиштолот на Боре Видевски?- Палчо бараше одговор од сведок вработен во СВР Велес

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 7 март откако во Основниот Кривичен суд Скопје денеска беа изведени докази на предлог на одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски.

На денот на убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, обвинетиот Љупчо Палевски тврди дека бил во експозитурата на Халк банка во Буњаковец.

Со изведување на докази од страна на одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои покрај Палевски, обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, сведочеше сведок предложен од првообвинетиот Љупчо Палевски.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

42 (8) ■ бизнис > македонија ■ 06-Mar 11:21 -> 06-Mar 12:24
.
.
.
.

„Алкалоид“ одбележа половина век информатичкa технологиja

  • ПРЕД 50 ГОДИНИ ЗАПОЧНА СО РАБОТА КУЛТНИОТ КОМПЈУТЕРСКИ ЦЕНТАР НА „АЛКАЛОИД“

Во февруари 1975 година официјално започнал со работа сегментот за информатичка технологија при „Алкалоид“, чија цел била трансформирање на процесите од аналоген во дигитален формат со употреба на т.н. мини компјутери од марката Burroughs L-3000/4000 Series: „Тие се мали по своите физички димензии, но релативно големи по обемот на меморијата и можностите за решавање на поставената проблематика, користејќи ги сите предности на технологијата на интегрирани кола“, ќе објасни во написот за весникот на „Алкалоид“ основачот и тогашен директор на т.н. Компјутерски центар на компанијата, Трајче Мукаетов.

Во февруари 1975 година официјално започнал со работа сегментот за информатичка технологија при „Алкалоид“, чија цел била трансформирање на процесите од аналоген во дигитален формат со употреба на т.н. мини компјутери од марката Burroughs L-3000/4000 Series.

113 (9) ■ бизнис > македонија ■ 05-Mar 12:00 -> 05-Mar 14:43
.
.
.
.

И во 2025-та очекувам висока бројка на странски директни инвестиции

  • Мицкоски: За три квартали ја стабилизиравме состојбата во државата

2024 година ја завршивме со рекордно историско ниво на странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра со што повторно по глава на жител сме држава со најголем број на странски инвестици во регионот, можеби на некого не му одговара но тоа е факт, и повторно за многу кратко време ја консолидируваме, се консулидираа таа политика и таа политика ќе продолѓи и во годината која што следи бидејќи посебно во последните недели имаме голем бран на компании кои што се заинтересирани да инвестираат овде во Македонија и во слободните ТИРЗ зони но и надвор од нив, и навистина сум пресреќен тие познаа дека ова Влада води пробизнис политика и сака да поддржува отварање на нови работни места, добро платени места, врочем и сега мора да се добро платени работните места бидејќи конкуренцијата на пазарот на труд е немилосредна, но добро е што имаат доверба и оваа година исто очекувам висока бројка, не би сакал сега да лиферувам со бројки но знам дека една инвестиција почнува со работа овој месец, другата почува со работа во Штип во април месец, во мај ставаме камен темелник, во јуни повторно камен темелник.

За три квартали ја стабилизиравме состојбата во државата, растот на БДП во четвртиот квартал се првите инидикации дека економијата заздравува.

120 (4) ■ бизнис > финансии ■ 05-Mar 07:24 -> 06-Mar 14:27
.
.
.
.

Поскапе уште една услуга во Грција

  • ПОСКАПУВААТ БИЛЕТИТЕ ЗА ТРАЕКТ ВО ОМИЛЕНАТА ДЕСТИНАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ: Од први мај ќе се плаќа повеќе за овој превоз во Грција

Билетите за траект во Грција од 1 мај ќе поскапат за 12 до 15 отсто, се наведува во соопштението на Грчката асоцијација на компании за превоз на патници (SEEN). Говорејќи за локалните медиуми, претседателот на „SEEN“, Дионисис Теодоратос, објасни дека зголемувањето на цените за билетите за траект во Грција е поврзано со новите регулативи на Европската унија за поморско гориво.

Цените на фериботите во Грција од 1 мај ќе се зголемат за 12 до 15 отсто, се вели во соопштението на Грчката асоцијација на компании за превоз на патници (SEEN). Говорејќи за локалните медиуми, претседателот на SEEN, Дионисис Теодоратос, објасни дека зголемувањето на цените за билетите за траект во Грција е поврзано со новите регулативи на Европската унија за поморско гориво.

139 (4) ■ бизнис > економија ■ 05-Mar 14:24 -> 06-Mar 10:06
.
.
.
.

Очекуваме зголемување на бројот на патници, вели генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт

  • Курт: Го зголемуваме капацитетот на Охридскиот аеродром, нема прекин на сообраќајот во тек на модернизацијата

Најавени се голем број нови авиокомпании, голем дел од нив ќе летаат на нови дестинации и очекуваме зголемување на бројот на патници веќе од средината на оваа година, вели во видеоинтервју за МИА генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт.

Се очекува за околу еден месец да се стартува со некои од работите предвидени со модернизација на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а во тек на планираните активности со проектот нема да биде запрен авиосообраќајот, најавува генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт во видеоинтервју за МИА.