Тие исто така имале 17 проценти и 21 процент помала веројатност да умрат од срцеви заболувања или мозочен удар, соодветно, според студијата на Универзитетот Семелвајс во Будимпешта и Универзитетот Квин Мери во Лондон.3,4 проценти од оние кои пиеле умерени количини кафе починале во текот на повеќегодишната студија, во споредба со 3,7 проценти од оние кои не пиеле кафе и 4 проценти од оние кои пиеле повеќе кофеин.Меѓу оние кои пијат кафе, една петтина претпочитала кафе без кофеин, една четвртина пиела мелено кафе, а повеќе од половина пиеле инстант кафе.„Користејќи магнетна резонанца, бевме во можност да го анализираме ефектот од редовната консумација на кафе врз структурата и функцијата на срцето.