Според д-р Кјав Зин од општата болница во градот Мандалеј, во тој град загинале најмалку 20 луѓе, а 300 се повредени.
Со Мјанмар од државниот удар во 2021 година управува воена хунта, што го отежнува пристапот до информации, јави Би-Би-Си. Државата ги контролира речиси сите локални радио, телевизија, печатени и онлајн медиуми.
Најмалку едно лице загина, а 50 други се повредени откако висококатница во изградба се урна во Бангкок по силниот земјотрес што во петокот го погоди соседен Мјанмар, соопштија тајландските власти.
Силен земјотрес ја потресе Југоисточна Азија во петокот, при што загинаа неколку луѓе, урна облакодер во изградба во Бангкок и срамни со земја згради во соседен Мјанмар, каде што владејачката хунта прогласи вонредна состојба во некои области.