Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи Поранешниот медицински директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев и поранешниот организациски директор на Клиниката, Нехат Нухи, добија куќен притвор, откако вчера Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје информираше дека се подигнати две обвиненија за случајот познат како „Онкологија“, во кој тие беа осомничени, а сега се обвинети.
Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицински и организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје.
Поднесени се две обвиненија за случајот „Онкологија“, откри денеска шефот на скопските обвинители, Гаврил Бубевски, а се гонат лицата кои направиле финансиски импликации кои биле направени врз Клиниката за онкологија.
Јавното обвинителство денеска на прес-конференција откри шокантни информации околу истрагата за случајот „Онкологија“.Медицинскиот директор е обвинет за незаконска набавка на лекови од Фондот за здравствено осигурување, а за третманот пациенти опфатени се четири лекари онколози, меѓу кои и поранешен директор на Онкологија.