Ѕвездата на Париската опера, Роксан Стојанов, ја прими наградата „Менада“за врвни достигнувања во танцовата уметност за 2025 година, синоќа, на свеченото отварање на годинешното издание на Танц Фест 2025, кој одбележува 35 години современа танцова сцена кај нас.
Најважна е желбата за напредување и да бидеме искрени на сцената, вели во интервју за МИА Роксан Стојанов, балерина со македонско потекло, ѕвезда на Париската опера, која е добитничка на наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцот, на годинaшното 21.издание на Интернационалниот фестивал „Танц Фест“.