Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска реагираа на изјавата на вицепремиерот, министер за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој во синоќешното интервју за „360 степени“ рече дека евентуална соработка на Таравари со партијата на Али Ахмети би било политичко самоубиство.
Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата.
Лидерот на дел од Алијанса за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, вели дека има редовна комуникација со премиерот Христијан Мицкоски и оти по неговото враќање од службеното патување ќе седнат да разговараат за несогласувањата што Таравари ги има со коалицијата ВЛЕН, а може да се рефлектираат и на неговото партиципирање во Владата.