Суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол денеска е приведен поради тоа што накратко воведе воена состојба во декември, јави официјалната новинска агенција Јонхап.
По долги и тензични натегања меѓу антикорупциските истражители и неговите поддржувачи, отповиканиот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол е уапсен и сослушан во врска со неговиот обид да прогласи воена состојба во земјата на почетокот на декември, минатата година, соопштија утрово од Канцеларијата за истражување на корупција (ЦИО), јавуваат светските медиуми.