Проценката на заканите, составена од ФБИ, Тајната служба, полицијата на Капитол, владата на Вашингтон и полицискиот оддел на Врховниот суд, наведе низа сценарија во кои се вклучени странски терористи, домашни екстремисти и волци-осаменици кои би можеле да извршат бомбашки напади, летови со беспилотни летала или напади врз возила и сл. Официјални лица за спроведување на законот, исто така, се загрижени дека протестите околу инаугурацијата би можеле да станат насилни – одредени групи бараа дозволи за демонстрации, вклучително и некои кои претходно организираа протести кои завршија со апсења. Fokus