Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја покаже својата моќ на неговата инаугурација во Вашингтон во понеделник, барем кога станува збор за технолошкиот свет.
Милијардерите Илон Маск, Џеф Безос и Марк Цукерберг во понеделник ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, изјавија извори за Ен-Би-СИ. Според изворот, тие ќе седнат на видно место за време на церемонијата, заедно со кандидатите од новоизбраната републиканска администрација и други избрани функционери.