Изралеската војска потврди дека првите три заложнички шти го ослободи Хамас се префрлени од Газа во Израел.
Коалициската влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа по полноќ го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас и ослободување на заложниците држени во Појасот Газа во замена за палестинските затвореници, откако претходно беше одобрен и од безбедносниот кабинет.
Почетокот на примирјето меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Газа, кој требаше да започне во 8:30 часот (по локално време), е одложен откако Хамас не ги соопшти имињата на заложниците кои ќе бидат ослободени.
Договорот за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел ќе стапи во сила в недела, во 8:30 часот по локално време, објавија властите на Катар – земја која беше активен учесник во договорите за примирје помеѓу завојуваните страни.