Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, изрази поддршка за денешниот протест на граѓаните по смртта на 22-годишната Фросина Кулакова и најави дека вo петок во Собрание ќе започнат измените на законите, односно промена на квалификативите за што се обвинуваат сторителите на ваквите дела.
Денес, на седницата за пратенички прашања во Собранието, се обрати пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој му постави прашања на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.