Меѓучовечките односи во Вишото јавно обвинителство Скопје се нарушени и токму поради тоа ја предложив јавната обвинителка Наташа Крстевска Цалева за функцијата, вели републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска треба да биде разгледан на седница на Влада, по што ќе се достави до Советот на јавни обвинители.
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски вели дека самиот ќе се повлече доколку се утврди дека направил тешка дисцилинска постапка, но засега, од она што се споменува во јавноста, уверен е дека не е направено такво нешто за време на неговото работење.
По само седум дена откако беше избрана, Советот на јавните обвинители на Македонија денеска ќе треба да ја разгледа и констатира оставката на обвинителката Наташа Крстевска Цалева.