Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски вели дека самиот ќе се повлече доколку се утврди дека направил тешка дисцилинска постапка, но засега, од она што се споменува во јавноста, уверен е дека не е направено такво нешто за време на неговото работење.
Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска треба да биде разгледан на седница на Влада, по што ќе се достави до Советот на јавни обвинители.
По само седум дена откако беше избрана, Советот на јавните обвинители на Македонија денеска ќе треба да ја разгледа и констатира оставката на обвинителката Наташа Крстевска Цалева.
Не можам да коментирам без да ги видам наводите од Владата, но од она што го слушнав досега ќе треба да се утврди дали сум направил тешка дисциплинска повреда. ако е така јас сам ќе се повлечам вели државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски Коцевски, пред денешната владина седница за неговото разрешување.