Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посети УК за ТОАРИЛУЦ и имаше средба со директорката д-р Марија Срцева Јовановски по повод подготвителните активности, кои се во завршна фаза за темелна реконструкција на просториите на КАРИЛ, која се реализира по првпат, соопшти Министерството за здравство (МЗ). – Заради внимателно и безбедно пристапување кон реконструкција на КАРИЛ, информираме дека оваа установа во наредниот период ќе функционира со намален капацитет, за што се известени сите јавни здравствени установи во државата.
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посети Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) и оствари средба со директорката Марија Срцева Јовановски по повод подготвителните активности, кои се во завршна фаза за отпочнување на темелна реконструкција на просториите на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), која се реализира за првпат.