Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница, кој спаси 20 млади од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, денеска се врати на училиште по поминати неколку дена на Токсикологија.
Денеска, со длабока емоција и бескрајна гордост, ви ја споделувам веста дека Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21 живот во трагедијата со пожарот во Кочани, конечно се врати дома, извести министерот за здравство, Арбен Таравари.
19 годишниот Јован Костадинов од Виница кој во пожарот спаси повеќе од 20 деца, утрово со аплауз и транспаренти за благодарност за неговата пожртвуваност и храброст беше пречекан од своите соученици во гимназијата во Виница.