Но, плановите за снимање на композицијата ги прекинала смртта на Јанко, кој почина од разорен инфаркт на 63-годишна возраст, во Берово, родното место на Жаклина.-Минатото лето во еден спонтан телефонски разговор маестро Горан Алачки ме праша дали имам некоја необјавена композиција од Јанко, затоа што тој планира да направи нов фестивал во село Владимирово и во прв момент бев скептик бидејќи одамна апстинирам од фестивалските настапи, бидејќи не ми се допаѓаа некои фестивалски и задкулисни игри… Но, како што течеше разговорот ми стана јасно дека станува збор за сериозен проект, односно академија на доајените на македонската естрада.