Фото: Facebook/David Beckham Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед и на англиската фудбалска репрезентација Дејвид Бекам ќе добие витешка титула, откако се најде на списокот почесни службеници по повод роденденот на британскиот крал Чарлс.
Бекам, кој е носител на Орденот на Британската империја од 2003 година, ќе добие дополнително признание за неговата фудбалска кариера и за неговиот придонес во британското општество, јавија денеска британските медиуми.