Вршителот на должноста премиер на Тајланд, Пумтам Вечачаи, денес изјави дека жестоките борби меѓу неговата држава и Камбоџа, во кои досега животот го загубија најмалку 16 лица, а стотици илјади се раселени, би можеле “да прераснат во отворена војна”, пренесе Би-Би-Си. Опомената на Вечачаи доаѓа во момент кога вооружените престрелки на оспоруваната граница влегуваат во втор ден, што претставува драматична ескалација на спорот кој датира повеќе од еден век.
Вооружени судири избувнаа денеска меѓу Тајланд и Камбоџа на спорниот дел од нивната заедничка граница, соопштија двете страни, обвинувајќи се меѓусебно дека први нападнале по неколку недели тензии и дипломатски престрелки.
Утрово повторно имаше борби долж границата меѓу Тајланд и Камбоџа, каде што долгогодишните тензии ескалираа во едни од најлошите насилства во последните години, принудувајќи над 100.000 луѓе да побегнат.
Најмалку 11 цивили се убиени во нападите на Камбоџа во Тајланд, соопшти тајландското Министерство за здравство, пренесува Си-ен-ен. Камбоџа сè уште не пријавила никакви жртви од своја страна, додека премиерот на Камбоџа го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да свика „итен состанок“ за да „ја запре агресијата на Тајланд“, откако борбите се интензивираа меѓу соседите.