Фото/ facebook.com/hceurofarmpelister Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
Клубот од Битола аплицираше за вајлд карта и доби позитивен одговор од Европската ракометна федерација (ЕХФ). Покрај Пелистер „зелено светло“ за настан во елитната конкуренција добија Киелце, ПИК Сегед, Нант и ГОГ Гудме, додека пак беа одбиени Порто, Кадетен Шафхаузен и Слован кои ќе имаат право да играат во Европската лига или Европскиот Куп.