1 (62) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 20-Sep 07:35 -> 20-Sep 12:15
.
.
.
.

ВО ГЛАВАТА НА ВАЊА БИЛО ПУКАНО ПРЕКУ ПЕРНИЧЕ Куршумот пробил 34 сантиметри низ вратот на девојчето

  • Започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски

  • Мајката на Вања бара исклучување на јавноста од цела судска расправа

  • Судот не го прифати барањето јавноста да биде исклучена

Со пиштол со калибар од 9 милиметри и преку перниче обвинетиот Љупчо Палевски Палчо пукал во главата на Вања Ѓорчевска, се наведува во обвинението за убиството на 14-годишното девојче што се случи лани во ноември во Скопје, а за кое судскиот процес почна денеска.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Зорица Ѓорчевска, мајка на убиеното девојче Вања Ѓорчевска преку нејзиниот полномошник поднела барање до обвинителството јавноста да биде исклучена од цела јавна расправа за судењето за убиството на девојчето и велешанецот Панче Жежовски.

Судот не го прифати барањето на мајката на убиеното девојче Вања Ѓорчевска јавноста да биде исклучена од цела јавна расправа.

6 (118) ■ вести > македонија > политика ■ 18-Sep 10:10 -> 20-Sep 11:35
.
.
.
.

Мицкоски од Брисел: Ултиматуми не можеме да прифаќаме, критериум за членство во ЕУ да бидат постигнувањата

  • Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

  • Од денеска до петок Мицкоски во работна посета на Брисел

  • Мицкоски од Брисел: Процесот на интегрирање во ЕУ да се темели на постигнувања, а не на билатерални прашања

Интеграцијата во Европската Унија треба да биде процес во кој одлучувачки фактор ќе бидат постигнувањата, а не билатералните прашања, бидејќи ние повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми и за нас е неприфатлив принципот „тие се таму, а вие сте надвор“.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Брисел, денеска заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан присуствуваше на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија.

Од денеска 18.09.2024 (среда) до 20.09.2024 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе престојува во работна посета на Брисел.

Процесот на интегрирање во рамките на Европската Унија да се темели на постигнувања, а не на билатерализација, односно на билатерални прашања, порача денеска од Брисел премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека на средбите уште еднаш потенцирал „дека ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми и за нас принципот тие се таму, вие сте надвор не е прифатлив“, како и дека „остануваме фокусирани да предлагаме решенија, и ако навистина има желба, тогаш има и начин“.

Повеќе од
оваа категорија

67 (8) ■ спорт > кошарка ■ 19-Sep 15:48 -> 20-Sep 08:24
.
.
.
.

Министерството за спорт ќе исплати 3 милиони денари на младите кошаркари за првото место на ЕП

  • Министерството за спорт ќе ја исплати премијата на македонската кошаркарска репрезентација за првото место на ЕП (18) од Б дивизија

Министерот за спорт Борко Ристовски ја потпиша одлуката со која на македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе и биде исплатена премијата од три милиони денари доделена за освоеното прво место на Европското првенство за јуниори.

Министерот за спорт Борко Ристовски ја потпиша одлуката со која на македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе и биде исплатена премијата од три милиони денари доделена за освоеното прво место на Европското првенство за јуниори (играчи до 18 години) од Б дивизија што се одржа од 26 јули до 4 август 2024 година во Скопје.

Повеќе од
оваа категорија

7 (5) ■ бизнис > економија ■ 20-Sep 11:31 -> 20-Sep 11:57
.
.
.
.

Работилница на Народната банка: СЕПА ќе донесе заштеда од 16 милиони евра годишно за иселениците и нивните семејства

  • Народна банка со важна вест за граѓаните: Македонија се приклучува на СЕПА

По пристапувањето во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), прекуграничните плаќања ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди, додека во моментов тоа трае три дена, во просек и граѓаните од регионот на Западен Балкан имаат повисоки трошоци за шестпати, во просек, за прекуграничните плаќања од граѓаните во ЕУ. Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“.

По пристапувањето во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), прекуграничните плаќања ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди, додека во моментов тоа трае три дена, во просек и граѓаните од регионот на Западен Балкан имаат повисоки трошоци за шестпати, во просек, за прекуграничните плаќања од граѓаните во ЕУ. Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“.

15 (4) ■ бизнис > мои пари ■ 20-Sep 11:15 -> 20-Sep 11:57
.
.
.
.

„10 ГОДИНИ БЕРЛИНСКИ ПРОЦЕС“ Азески ќе говори на Бизнис-форумот во Германија

  • ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ ГОВОРНИК НА БИЗНИС ФОРУМОТ ВО БЕРЛИН

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и заменик-претседател на Коморскиот инвестициски форум Бранко Азески следната недела, на 24 септември во Берлин, Германија, ќе биде говорник на Бизнис форумот кој се одржува во рамки на Берлинскиот процес на тема „10 години Берлински процес – Западниот Балкан како економска област на патот кон ЕУ”, и ќе биде дел од состанокот на министрите за економија на Западен Балкан, кој ќе се одржи по завршувањето на Бизнис Форумот.

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и заменик-претседател на Коморскиот инвестициски форум Бранко Азески следната недела, на 24 септември во Берлин, Германија, ќе биде говорник на Бизнис форумот кој се одржува во рамки на Берлинскиот процес на тема „10 години Берлински процес - Западниот Балкан како економска област на патот кон ЕУ“, и ќе биде дел од состанокот на министрите за економија на Западен Балкан, кој ќе се одржи по завршувањето на Бизнис Форумот.