Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат: - во периодот од 06.30 до 12.00 часот, дел од улицата Перо Наков фирмите, Јогомеркур, Осоговски, Макохемија, Стокомак, објектите до Стокомак на улицата Перо Наков, Златно Жито и Потрошувачите на улицата Маџари, општина Гази Баба; - во периодот од 08.00 до 11.00 часот, дел од населбата Припор, по главната улица Христо Татарчев, општина Кисела Вода.
Од скопски Водовод известуваат дека утре (петок) поради промена на шибер ф 100 мм на ул. Карл Либкнехт бр.84, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Карл Либкнехт, ул. Анри Барбис, ул. Темко Попов и дел од ул. Карл Хрон.