Министерот Тимчо Муцунски нагласи дека Македонија останува цврсто посветена на европскиот пат, активно спроведува реформи и дека го имплементира Планот за раст на ЕУ, притоа истакнувајќи дека проширувањето мора да се темели на заслуги и на јасни критериуми. На покана на министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово учествуваше и се обрати на работниот појадок со министрите за надворешни работи од Западен Балкан и со специјалните пратеници за проширување на Европската Унија, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.