Нов скандал за нелегално прислушување, по масовното прислушување на повеќе од 20 илјади граѓани во време на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, случај за што никој не одговараше, или само фингирана афера, бомбастично најавувана, што ќе нема разрешница, а ќе биде во служба на рејтингот на премиерот? Оваа дилема во јавноста се наметна откако актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, ги потврди обвинувањата на премиерот Христијан Мицкоски, кој уште додека беше во опозиција, а потоа и од собраниска говорница кога дојде на власт, зборуваше дека претходните раководства на разузнавачките агенции го следеле како лидер на опозицијата.