Франциск беше папа близок до народот и сакаше Црква отворена за сите, рече италијанскиот кардинал Џовани Батиста Ре на неговиот погреб.
По погребната миса, што ќе ја предводи деканот на Колеџот на кардинали, кардиналот Џовани Батиста Ре, на плоштадот Свети Петар во Ватикан ќе биде погребан папата Франциск во базиликата Санта Марија Маџоре во центарот на Рим.
Погребното место во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим беше една од желбите на папата оставени во неговиот последен тестамент.
Ватикан упати апел до посетителите кои доаѓаат да му оддадат почит на папата Франциск во базиликата „Свети Петар“ да не го фотографираат ковчегот со телото, наведувајќи дека станува збор за момент на пиетет, а не за „претстава“.