Од партијата информираат дека одлуката на Извршниот одбор за отпочнување коалициска соработка со ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлива, поради, како што велат, многубројни критики, разочарување и револт меѓу членството. Дел од раководството на Партијата на пензионери на централно и локално ниво, заедно со членови и поддржувачи од повеќе општински организации, денеска на прес-конференција објавија дека на претстојните локални избори ќе продолжат со поддршка на досегашниот коалициски партнер СДСМ.