Моја препорака до него е дека етничките поделби и тензии не се алатка за да се привлече внимание во јавноста за да се добијат гласови, туку треба да зборува за проектите во Тетово кои заедно, со поддршка на Владата, се направени за сите, изјави Мицкоски во Брвеница Уште непочната кампањата за локалните избори, владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и Вреди си разменија „воспитни“, иако предизборно се договорија за меѓусебна поддршка во некои општини.
Повод за оваа реакција е повикот на Касами до жителите на Брвеница да гласаат за кандидатот на ВЛЕН, а не за оној од коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ.
Ја слушнав таа изјава на Биљал Касами и можам да кажам дека за жал влегува во фолклорот на опозициската ДУИ, без потреба.