На претходното рочиште сведочеше вештото лице на одбраната, психијатарот Ѓорѓија Хаџи Ангелковски, кој го оцени обвинетиот Раде Трајковски – Штекли како психотичен, со шизофрени карактеристики.
Судењето за случајот Штекли, во кој повеќе лица се обвинети за организирана продажба на дрога, продолжува денеска пред Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на вешти лица на Обвинителството за психолошката состојба на Раде Трајковски.