Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, посочи дека, ако АНБ не ја декласифицира документацијата, ќе се покаже дека станува збор за уште една предизборна манипулација на власта. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција рече дека изјавите на премиерот Христијан Мицкоски и на директорот на АНБ, Бојан Христовски, се меѓусебно спротивставени во врска со случајот што власта се обидува да го претстави како афера за прислушување.