Христијан Мицкоски / Фото: Слободен печат/Методи Здравев Кузеска: Дали Мицкоски соработувал со руски шпиони, па се плаши да ги декласифицира документите?
Очигледен е стравот на премиерот, Христијан Мицкоски, од содржината на материјалите кои треба да го докажат наводното негово следење од страна на службите, соопшти СДСМ, пренесувајќи ја изјавата на портпаролката Богданка Кузеска.