https://ads.sup.mk/delivery/asyncjs.php
„Од првиот ден на мандатот, владата ги нападна столбовите на еднаквоста: • Го укина балансерот и го поткопа правичното претставување на Албанците и другите заедници во државните институции; • Го девалвираше Охридскиот мировен договор доверувајќи ја неговата имплементација на Иван Стоилковиќ – личност со добро познати антиалбански и путинистички убедувања; • На противуставен и противзаконски начин ја избриша дијаспората од пресметките, оштетувајќи го претставувањето во општинските совети во областите со албанско мнозинство; • Ги намали Албанците во официјалните пресметки и молчеше пред отворената дискриминација; • Го девалвираше Инспекторатот за употреба на јазиците одземајќи му го статусот на правно лице, минимизирајќи ја неговата улога и изедначувајќи го со обичен сектор во Министерството за правда; • Ја претвори Агенцијата за примена на јазиците во нефункционална институција, без никаква реална улога, покрај тоа што Стоилковиќ ги презеде нејзините простории.
Вчерашните изјави на Максим Димитриевски против Бадентеровото мнозинство претставуваат продолжение на оркестрирана кампања на оваа влада и нејзините партнери за рушење на темелите на Охридскиот мировен договор и враќање на државата назад – во неправда и исклучување, истакнува ДУИ во соопштение.