Меѓу другото, тој во изјава за медиумите на албански јазик во земјавата нагласи: „Бујар Османи бил во Унгарија и се сретнал со Груевски барем еднаш, бил таму заедно со неговото семејство и доказите наскоро ќе излезат на виделина.
Кандидатот за градоначалник на Чаир и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи, преку соопштение лиферувано од неговата партија ДУИ ги отфрла наводите на владејачката ВЛЕН дека се сретнал со екс-премиерот Никола Груевски во Будимпешта за да се овозможат уставните измени.
„Во недостаток на идеи и очекуван пораз на изборите, манипулациите на ВЛЕН продолжуваат во однос за моја наводна средба со Груевски со цел обезбедување на пратеници за поддршка на уставни измени.