„Меџити уште еднаш покажа синоќа дека лагите и манипулациите немаат граници за него“, изјави Решат Ахмети на прес-конференцијата на ДУИ.
Ахмети, исто така, потсети на список од десетици имиња поврзани со, како што вели, непотизмот на Меџити, од неговиот братучед Бурим Латифи, директор на МЕПСО, до брачниот пар Имери, кои, како што рече, се само дел од мрежата на блиски луѓе што Меџити ги вработува и промовира.
„Овој список е само мал дел од она што граѓаните на Чаир и на Скопје многу добро го знаат, дека за Изет Меџити, политиката отсекогаш била средство за организирање на семејството и пријателите, а не за служење на граѓаните“, нагласи Ахмети.